Инсајдер ИД со презентација на истражување и стратегиски модел на Вториот Отворен ден на GS1

На 19.10.2018 ќе се одржи вториот отворен ден на GS1 на тема “Дигитализација на Македонското стопанство, во Александар Палас, со почеток од 10.00 часот. На конференцијата свое излагање ќе имаат генералниот менаџер Сергеј Зафироски од агенцијата за истражување и консалтинг Инсајдер ИД.

Главната цел на презентацијата на Инсајдер ИД ќе биде претставување на резултатите од истражувањето за тоа колку македонските компании се подготвени за новата ера на дигитализацијата и предлог стратегија како да ја вклучат дигитализацијата во своето работење.

Како и во голем дел од истражувањата и проектите кои компанијата ги работи на Македонскиот пазар, повеќе не е прашањето дали дигитализацијата треба да биде вклучена во секојдневното работење, туку до кој степен е оптимално и како една компанија да биде подготвена за целосна дигитализација во следната декада. Во публикацијата “Иднината на малопродажбата во Македонија” голем дел од прелозите се насочени кон тоа да компаниите со многу забрзано темпо ќе бидат приморани за пронаоѓање на начини за унапредување на бизнис моделите, кои во голема мера зависат и од дигиталната подготвеност на компанијата.

Генерално целата индустрија за широка потрошувачка ќе има значајни промени во следната декада. Како и напоменато во самиот труд, со менување на генерациите, локалните потрошувачки навики со сигурност ќе се заменат со светските и со тоа ќе дојде до изедначување помеѓу навиките, а со тоа компаниите без разлика дали работат само локално во Македонија или пак Регионално ќе треба да исполнуваат исти светски стандарди.

Подемот на интернетот веќе го менува начинот на пазарење во светот, кај нас започнува иако поголем дел од компаниите се скептични, според истражувањето на Инсајдер ИД во 2017-та година за “Интернет потрошувачки навики во Македонија”, 66% од вкупниот број на потрошувачи на главното ткиво 19 – 54 годишна возраст имаат купено производ или услуга преку интернет, што укажува на тоа дека штом еднаш извршиле купување, однесувањето со сигурност ќе го повторат во иднина. Според истото истражување моменталниот интернет пазар за производи за широка потрошувачка е низок анализирано процентуално 6% од посочената група, но истата има вкупна вредност од 35 мил. евра што повторно е приближно комплетно неискористена.

Притисокот кој го сите учесници во секторот ќе биде потребно да се редуцира, бидејќи просторот за грешка со моменталните заработки и маргини просторот за грешка е минимален. Појаснето е што значи една компанија да ја зголеми или намали маргината за 1% колкави реперкусии може да има на нето-профитот.

Дигитализација претставува систем на работа кој директно влијае кон промена на целиот бизнис модел на компанијата, а не само алатка која поткрепува или унапредува еден сегмент од работењето како маркетингот кој е најчест пример како компаниите се класифицираат како “дигитални”. Сепак и парцијалната употреба претставува подготвителен чекор кој е неопходен за поставување на основа.

Предлог стратегијата (модел) која ќе биде презентирана на настанот е кои чекори е неопходно една компанија да ги преземе во одделни сфери/сектори од работењето за да го започне процесот на дигитализација. Моделот ќе биде изработен за македонските компании во македонски услови бидејќи постојат специфики кои ја ограничуваат употребата на светските модели.

За повеќе информации во однос на конференцијата обратете се кај организаторитеGS1 (www.gs1mk.org.mk) или на info@insider.mk.