ТОП 3 МАРКЕТИ СПОРЕД ПОТРОШУВАЧИТЕ – ИСТРАЖУВАЊЕ 2019-ТА ГОДИНА

Во периодот од 01.10.2019 – 10.11.2019, агенцијата за истражување и консалтинг трета година по ред го спроведе истражувањето “Преферирани маркети во Македонија” во кое имаат учествувано 1,465 активни потрошувачи на територија на целата држава.

Како и претходната и 2019-та е обележана со големо проширување на малопродажните ланци на маркети кое најчесто е карактеризирано со агресивно проширување на физичката мрежа, како на територијата на главниот град Скопје, така и на целата држава. Врз база на сите обработени одговори, потрошувачите пазарат во 41 различни национални и локални ланци на маркети. 

Врз база на прашањата “А1. Во кои маркети најчесто пазарите?” и “А2. Кој маркет го преферирате?” како и во 2017-та и 2018-та, како ланец во кој потрошувачите најчесто пазарат и најмногу го преферираат е тврдиот дисконт “КАМ Маркет” и повторно со сериозна предност пред сите останати со 61%, додека на втората позиција е Тинекс со 33.9% и Стокомак на третата со 31.7%. Распоредот на останатите ланци на маркети, по третата позиција посочува дека во претходната година има сериозна промена на пазарот и распределбата на потрошувачите кои се повеќе се префрлуваат од една на друга локација.

Тинекс има приближно идентично учество како и во 2018-та, додека Стокомак има значително приближување кон позицијата на второрангираниот. Подемот на Стокомак најдобро може да се види при споредба со Тинекс во 2017, каде Тинекс има приближно двојно учество. Од друга страна, иако моментално позицијата на КАМ Маркет е “бетонирана” на првото место со двојно учество пред вториот, забележлив е пад од 8% во однос на претходната 2018-та, што потврдува дека постои пренасочување на потрошувачите од еден во друг ланец на маркети.

Освен што пазарат во нив, прашањето “A2. Кој од маркетите најмногу го преферирате?” има за цел го дефинира примарниот префериран маркет, каде повторно највисоко учество има КАМ Маркет со 24%, додека Тинекс и Веро по 10%. Збирот на трите маркети од приближно 44%, посочува дека другите 56% се респоредени на останатите национални и локални ланци на маркети. Причините за тоа се различни и детално обработени во извештајот за истражувањето од Инсајдер ИД:

Од целокупната анализа, во следната 2020-та година може да се очекува значајна промена можеби не на првата позиција, но на сите останати да се позиционираат нови ланци на маркети доколку продолжи трендот кај потрошувачите за промена на однесувањето и нивна флуктуација.

Повеќе за истражувањето од Инсајдер ИД на www.insider.mk, телефонскиот број +389 72 219 806 или пак на електронските адреси sergej@insider.mk и info@insider.mk. Агенцијата Инсајдер ИД е специјализирана за бизнис истражувања и консалтинг.