Моќта на сценарио планирање и теоријата на игри во стратегиското водење на компаниите

Се по динамичното окружување го оптоварува и така комплексното стратегиско планирање кај компаниите. Всушност го оптоварува до тој степен што започнува да биде и во многу ситуации ирелевантно, бидејќи идната состојба на компанијата која се планира и таа која реално се реализира се најчесто две комплетно различни точки. Еднаш погрешно проектирана идна траса на компанијата, најчесто придонесува и за погрешно проектирање на сите последователни доколку воопшто има и иднина за планирање.

Сепак менаџментот има комплексен метод на одлучување, којшто интернационалните компании особено западните веќе подолг временски период го користат додека кај домашните македонски компании е прилично непознат. Сценарио планирањето и теоријата на игри се различни учења, науки или теории, но содржат солиден број на заеднички точки кои доколку се користат правилно ќе се искористи максималниот бенефит и од двете.

Сценарио планирањето е метод за стратегиско управување според кој менаџментот проектира не една туку повеќе идни состојби во кои компанијата може да се најде во Х временски период, како и можните попатни одлуки кои би можеле да настанат според зададеното сценарио. Од друга страна Теоријата на игри е Методологија според која се одредува кој од можните алтернативи/исходи за одреден проблем, ситуација, можност… има највисок бенефит за компанијата.

Од особено значење е да се напомене дека користењето на овие методологии не е полезно само во бизнисот, туку и во приватниот и социјалниот живот на луѓето.

Наједноставно појаснето една компанија наместо да проектира една иднина Х ќе проектира минимум три различни X Y Z и сите хибриди помеѓу нив. Главната идеја е дека доколку компанијата се одлучи (класичното стратегиско планирање) да се фокусира само на една идна состојба (иднина) голема е веројатноста да при најмало интерно или екстерно поместување на било кој од факторите, може значајно да влијае и на целокупната стратегија и да се доведе компанијата во состојба каде менаџментот нема да има план што понатаму.

Од досегашното искуство, секогаш стратегискиот план и реализацијата се разликувале без оглед дали е во прашање само една поединечна активност или пак целосна стратегија на компанијата, единствената разлика е дали менаџментот ја предвидел таа осцилација и веќе има пре-дефинирано следни чекори или не.

Теоријата на игри, е математичка метода која ја проценува вредноста на сите идни алтернативи кои може да настанат и одредува која би била најповолната за компанијата и кон која треба да се стреми, како и ги одредува сите одлуки кои треба да се донесат и оптималниот пат за истата да се оствари. Теоријата на игри ја проценува математички вредноста на секоја поединечна одлука и нејзините алтернативи за да процени и кое сценарио е најповолно на компанијата. Сепак, остварувањето на едно сценарио зависи од првата одлука која треба да се донесе. Доколку сценариото Х има највисока вредност, додека моменталната ситуација е 0 за постигнување на истото треба да се донесат одлуките x1, x2, x3, x4 … xn.

Најчесто, наоѓа примена е во анализа на одлуки кои имаат директен ефект не само на компанијата туку и на сите интересенти од неа како и поширокото окружување особено конкуренцијата. Секоја одлука предизвикува верижни одлуки и реакции не само интерно во компанијата туку и кај конкуренцијата.

Студија на случај

Компанијата Х која има фабрика и е во сегментот на Кондиторски производи има две алтернативи за проширување на бизнис во моментот. Првата е купување на фабрика за производство на Млечни производи, а втората е партнерско здружување со 50% во ланец на супермаркети. Избор на било која од двете алтернативи го трасира патот на сите следни одлуки кои треба да се донесат во компанијата.

Главниот фокус на компанијата е да го зголемува приходот од продажба за 20% секоја година во следните 5 години, со три засебни сценарија како тоа може да се оствари, во кои првото е да се оствари раст преку вертикална диверзификација нанапред со откуп на дистрибутивниот канал а со тоа и зголемување на продажбата од 20%, втората е проширување и зголемување на приходот во не сродна индустрија.

Теоријата на игри не ја анализира само иницијалната одлука за инвестиција туку ги анализира и сите последици односно идни одлуки кои истата ги предизвикува и каков ќе биде нивниот ефект на крајниот финансиски резултат. Всушност математичката пресметка овозможува да се одреди по кој правец е најсоодветно да се движи компанијата во целина и кој пат во насока на исполнување на стратегиските цели и планови.

Проширувањето во секторот за Млеко и Млечни производи побарува повторно донесување на одлуки за дистрибутивни канали, преговарање со добавувачи на репроматеријали и организација на нов производствен процес кои се разликуваат од моменталните. Нови менаџерски тимови и вработувања. Влезот на нов конкурент на пазарот нема да помине незабележано од другите компании во секторот, а според тоа и се очекува и они да преземат акции во таа насока во анулирање и обесхрабрување на потенцијалниот конкурент да влезе воопшто на пазарот или пак доколку влезе да нема успех на краток рок.

Истото и за проширувањето во секторот на супермаркети. Влезот нема да биде незабележан во соодветниот пазарен сегмент од конкурентите и истите веднаш ќе преземат акција за анулирање на ризикот. Предност е тоа што во секторот би влегол неприроден конкурент и неговите акции да бидат неантиципирани поради различна структура на одлучување и однесување во бизнисот.

Компанијата би ги вклучила и сопствените конкурентски предности изразени математички во калкулацијата за вредноста на секоја од можните алтернативи но не само за иницијалната одлука за купување туку и за сите последователни кои треба да се донесат до постигнување на стратегиската цел.

Препорака е да компанијата и во “најлошата” алтернатива да има план за излез. Според претходното, употребувајќи теорија на игри ќе се утврди негативната алтернатива, а со сценарио планирањето ќе се изработи план доколку таа “иднина” се случи како компанијата ќе реагира на истата.

Употребата на двата методи во секојдневното работење претставува прилично голем предизвик особено за малите и средните компании кои функционираат многу понеформално, со помалку процедури и во понеизвесна околина. Менаџментот се фокусира на секојдневното работење на компанијата многу поинтензивно отколку долгорочното стратегиско планирање. Сепак имплементацијата на обработените методи ќе придонесе за подобрување на работењето на компанијата и не побарува големи финансиски ресурси.

Теоријата на игри и нејзините методологии треба да се употребува минимум за проценка на одлуки кои директно влијаат кон акциите врз конкурентите. Намалување/зголемување на цени, воведување на нов производ, нов дистрибутивен канал, промена на начинот на дистрибуција, маркетинг кампања.

Пр. Доколку една компанија ги намали цените на производите, голема е веројатноста дека дел или целата конкуренција ќе го следи однесувањето. Сепак конкурентите можат да реагираат на три ралични начини односно стратегии, да ги остават цените непроменети, да ги намалат до нивото на компанијата иницијатор или пак да ги намалат на ниво пониско. Умешноста е да се процени дали и колку конкурентите можат да го следат намалувањето и дали финансиски се подготвени за истото. Доколку сите компании се подготвени да го издржат финансискиот напор сите ќе ги намалат цените и целокупната активност нема да го постигне потребниот ефект, бидејќи намалената цена ќе биде новата нормала односно никој нема да се издвојува како поефтин или поскап.

Познато е дека во ценовна војна нема добитник бидејќи сите учесници се губитници, единствен добитник е потрошувачот. Сепак е една од најчесто применуваните активности на компаниите, и целта е финансиско “цедење” на конкуренцијата.

Стратегија која нема добитник или губитник е наречена “Zero Sum Game”, односно игра во која приближно по сите алтернативи за одлучување. Истата е една од многу различни “игри” кои теоријата ги обработува.

За малите компании, едноставен начин на организација и користење на теоријата на игри и сценарио планирањето е користење на дрво на одлуки, каде се започнува од иницијалната одлука за потоа секоја од ќе продолжи да се раслченува до степен кој е возможно да се предвиди или пак до иднина која не би била невозможна.

Секоја можна одлука да се сведе на два можни резултати и истите да се квантифицираат бинарно односно само со 0 и 1 каде со 0 ќе биде неповолниот исход додека 1 е поволниот. Збирот на сите одлуки започнување од последната до првата ќе ја даде вредноста за секоја посебна “гранка”, а со тоа и ќе ја даде најдобриот пат на движење, најлошиот пат на движење како и просечната вредност кој постои најголема веројатност да се случи.

За секоја од алтернативите за кои има најголема веројатност за случување, се креира драфт стратегија која рамковно ќе дефинира што ќе преземе компанијата при нејзино случување. Под драфт се подразбира едностран план без навлегување во детали, но јасно дефинирани главни активности и извори на податоци кои ќе послужат за носење на одлуки.

Без оглед на големината компанијата или индустрискиот сегмент во кој работи потребно е да ја познава насоката во која треба да се движи. Движење без определена насока на долг рок значи и сигурен неуспех на компанијата. Теоријата на игри и сценарио планирањето овозможува да се намали ризикот од иднината и со поголема веројатност да се антиципираат сите ситуации кои може да се случат.

 

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *