Анкетари и Тајни Купувачи – Најчести прашања и Одговори

1. Каков е начинот на работа?

Ангажманот како таен купувач или анкетар е проектен, односно сте ангажирани да испорачате определен број на анкети/тајни проценки во точно определен временски период.

Добивате конкретни инструкции кого треба да анкетирате, колкав број, возрасни групи, локации и сл.

2. Што ако сум вработен/а?

Вашето моментално вработување на никој начин не влијае на Вашиот ангажман во Инсајдер ИД, со исклучок доколку компанијата во која моментално работите, или е нарачател на истражувањето или е во директна конкуренција со компанијата за која се прави истражување.

Вашиот ангажман е хонорарен, без работно време, во период кој ќе биде претходно договорен при ПИСМЕНО прифатен од двете страни.

3. Зашто линкот на апликацијата не работи?

Линкот на апликацијата е функционален 99% од времето. Доколку имате проблем ја Вашата интернет конекција или пак притиснете refresh на Вашиот прелистувач.

4. Не можам да го прикачам CV-то?

Доколку не можете да го прикачите Вашето CV истото подразбира дека го надминува лимитот за документ кој е поставен на нашата апликација кој е 1 MB кој е доволен за стандарднен документ.

5. Каква е исплатата?

За секој проект одделно се дефинира колкав ќе биде хонорарот кој е секогаш дефиниран од успешно завршена анкета или тајна проценка. За секој проект надоместокот е различен и строго дефиниран во договор.

6, Какви се роковите и што е анкетирањето?

Рокот иницијално се комуницира по писмен пат преку електронска пошта, на кој што потенцијалниот анкетар/таен купувач треба ПИСМЕНО да одговори.

7. Каква е комуникацијата помеѓу Инсајдер ИД и тајните купувачи/анкетари?

Целата комуникација се одвива по писмен пат. На вработените во Инсајдер ИД им е забрането детали за истражувањата да комуницираат преку телефон, социјални медиуми или било каков друг медиум освен електронска пошта. Детали за истражувањето се добиваат само доколку се потпише формален договор и изјава за доверливост.

8. Што е успешно завршена анкета?

Успешно завршена анкета е таа која ги содржи сите облигаторни прашања за посоченото истражување. Во договорот е дефинирано дека ќе се следи времето на пополнување, времето по секции, IP адресата на анкетарот, локацијата и слично, за да се избегне злоупотреба и намерно пополнување.

9. Кои документи се потпишуваат помеѓу Инсјадер ИД и Тајните Купувачи/Анкетари?

Се потпишува основен договор за соработка, со сите детали во однос на конкретниот проект, временски рокови, број на анкети, начин на испорака, времетраење на прашалник, надоместок по анкета/ангажман/тајна проценка.

Вториот документ е “Изјава за доверливост” со која што соработникот се обврзува дека нема да ги комуницира информациите надвор од дадените инструкции и делокруг на активности.

10. Дали ми се покриени патни трошоци и други трошоци?

Трошоци за пат, печатење на материјали и слично се признаваат исклучиво доколку со претходна ПИСМЕНА согласност од Инсајдер ИД и истите се вметнуваат во договорот. 

Анкетите се најчесто електронски и не побаруваат печатење материјали, додека анкетарите се ангажираат на локално ниво и анектите ги извршуваат недалеку од сопствното место на живеење, за кои не е потребен дополнителен трошок за транспорт.