NOKIA: Растот и падот на гигантот

Оригинално објавен: 11.11.2014 Маркетинг365

Продадени повеќе од 1.500 милиони телефони во своето постоење, во еден момент секој трет корисник на мобилен телефон користи NOKIA, најпродаваниот телефон во историјата е NOKIA 1100 во своите две варијанти продаден во 500 милиони примероци. Бренд со кој поголемиот дел од светската популација има израснато и сеуште го користи.

Компанијата е основана во 1865 година во Финска, но вистинското име го добива подоцна кога три засебни компании се инкорпорираат во 1871 како NOKIA. Како претходници на компанијата се Finnish Rubber Works, компанија која што се занимава со производство на гума и производи од гума, денешен претставник е NOKIA Tires, и компанијата Finnish Cable Works која произведува телефон, телеграф и електрични кабли. Вистинскиот сектор за електронски уреди е создаден во 1960 година со дизајнот на првиот анализатор на електрична енергија за користење во нуклеарни централи. Во 80-тите години NOKIA го насочува целокупното свое работење кон брзо растечкиот сектор за телекомуникации и мобилни уреди.

Анализирајќи го потегот на NOKIA за влез во брзо растечкиот телекомуникациски пазар, преку BCG Матрицата можеме да заклучиме дека компанијата донела најдобрата можна одлука. Влегува на пазар, со производи кои во тој период имале мало учество на пазарот но голем потенцијал за негов раст. Додекавременскиот рок  помеѓу два стадиума на BCG матрицата пр.”Прашалници”- ”Ѕвезди” поради огромниот раст се намалува на помалку од 1 година. Производите кои во тоа време биле како Mobira Talkman (лансиран 1984), Mobira Cityman 150 (лансиран 1989)почнуваат да го носат значаен дел од приходот на компанијата.

Од друга страна како “CashCow” (извор на готовина) служи секторот кој што ги произведува GSM системите за цела Европа уште од 1987 и во голема мера овозможува подоцнежен продор на мобилните телефони бидејќи ја користат истата технологија. GSM системот на NOKIA, во тој период е продаден во 218 држави и територии со што постанува интернационален стандард за мобилна комуникација, а сот.

Резултатите кои што ги остварува телекомуникацискиот сектор на NOKIA во 1990-тите во целост го оправдуваат пренасочувањето на активностите и профитите во истражување и развој. Помеѓу 1996 и 2002 година вкупните приходи растат од 6.1 милијарда на 31 милијарди долари годишно.

Како најдобар пример за производ во категоријата “Ѕвезди” и подоцна “Cash Cow” е легендарниот NOKIA 3310,познат како култен и најдобар телефон на сите времиња. Основаната верзија е продадена во повеќе од 126 милиони примероци. Друг еден пример е горенаведениот NOKIA 1100 кој само во основната верзија е продаден во повеќе од 200 милиони примероци.Во своето работење извршуваат аквизициии спојувања на повеќе од 10 компании меѓу кои и мега популарната SEGA, софтверска компанија која го креира N-Gage.

Како успева еден гигант како NOKIA кој во еден момент на 2006 и на секторот за паметни телефони управува со повеќе од 62% од светскиот пазар на мобилни телефони, да се бори за опстанок само 8 години подоцна? Дали само не антиципирањето на другите мобилни платформи на Google -Android и Apple -iOS придонесуваат за тоj огромен пад или пак се во прашање се интерни проблеми на компанијата?

Одговорот на овие прашања е многу комплексен, многу фактори придонесуваат за пад на гигантот, но пред се не-антиципирање на преференциите на самите потрошувачи, како и “комфорната зона” во која се наоѓа NOKIA со текот на годините, без разлика каков е производот што се лансира се продава во милиони примероци и е на највисоките позиции на продажба само поради тоа што го носи името NOKIA. Долгогодишната лидерска позиција го “улежува” гигантот, почнува во голема мера компанијата да се чувствува непобедлива.

Претприемачкиот дух и култура на двата сега најголеми ривали Google и Apple ја уриваат лидерската позиција за само 3 години. NOKIA преструктуирањето на компанијата кое што се организира во 2011 година да го организира само 3 години претходно би била во можност да ја задржи позицијата на пазарот.

Корисникот на мобилниот телефон при крајот на 2009 со големиот раст на социјалните мрежи и интернет мобилната комуникација очекува многу повеќе од својот мобилен телефон, што ригидниот Symbian OS во голема мера не го овозможува, па поради тоа не успева како мобилна платформа. Сличен е и проблемот кој го има Windows 8.1 (Mobile) против Android и iOS. Продавницата на Windows поседува 300.000 апликации додека Android повеќе од 1.300.000.

Лансирањето на Apple IPhone 3g за само една година го намалува уделот на NokiaSymbian паметните телефони за 12% спуштајќи ги на 48% учество на светскиот пазар. Од гледна точка на BCG матрицата при крајот на 2008 година повеќето на производи на NOKIA се наоѓаат во квадрантот на “Cash Cow” и “Кучиња”, истражувањето и развојот изработуваат само надградби на веќе постоечки модели, без лансирање на комплетно нов производ, а со тоа и нема производи кои што би ги наследиле откако на веќе постоечките ќе им заврши животниот век. Една компанија мора да поседува производи во сите квадранти на Матрицата за да осигура природна заменливост на производите на пазарот.

NOKIA N95 лансиран во 2007 годинае последниот паметен телефон кој што остварува сериозен успех за компанијата. И покрај тоа што на пазарот веќе се наоѓа и iPhone и LG Prada, ги надминува сите свои ривали во секој поглед. Телефонот вклучува 3G технологија, WiFi систем, GPS системи за навигација, одлична камера за слики и видео записи со блиц, Symbian 9.2OS, Java апликациии многу други опции кои другите паметни телефони ги немаат или пак им се во зачетна фаза. Во Јануари 2013, американскиот PC Magazine го нарекува Nokia N95 еден од најдобрите телефони во историјата.

И повторно, без антиципација на потребите на потрошувачите се лансира во 2009 Nokia Booklet 3G, лап топ компјутер со доста солидни перформанси. Интересен е фактот што истиот сектор компанијата во минатото веќе го поседувала истиот сектор и уште во 1981 лансира персонален компјутер наречен MikroMikko1 кој имал добар успех и во исто време како и IBM. Nokia го продава секторот во 1991 на British ICL како непрофитабилен. Бидејќи компанијата е позната по своите мобилни телефони, преносниот компјутер не доживува голем успех.

Во 2011 компанијата потпишува стратегиско партнерство со уште една компанија која што има проблеми со антиципирање на потребите на потрошувачите Microsoft. Заеднички ја лансираат линијата на паметни телефони на NOKIA –Lumia која сеуште се бори за опстанување на пазарот и продажба. Во вториот квартал на 2013, компанијата пријавува продажба на Lumia од 7.7 милиони примероци што е рекордна за таа линија.

Додека NOKIA го “разбере” пазарот и кои се новите преференции на потрошувачите, во 2013 година вкупната продажба на телефони изнесува приближно 30 милиони примероци вкупно мобилни и паметни телефони, што за разлика од на пример iPhone кои во еден квартал се продава во повеќе од 40 милиони.

Во Септември 2013 година NOKIA го продава комплетниот бизнис со мобилни телефони на Microsoft за сума од 5.5 милијарди долари. Софтверскиот гигант ја става Nokia под капата на Microsoft Mobile и планира да го згасне брендот Nokia Lumia до крајот на 2014 година.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *