Инсајдер ИД на Академијата за Маркетинг и ПР организирана од “Creative Hub”

Во периодот од 15.02 – 15.06.2018, “Creative Hub” организира “Академија за Маркетинг и ПР” за стекнување на напредни вештини во повеќе области на Маркетингот. Сергеј Зафироски од Инсајдер ИД ќе го организира и предава првиот модул од академијата на тема “Стратегиски Маркетинг” во кој ќе студентите детално ќе се запознаат со начинот на поставување и реализација на стратегија во компаниите. Во продолжение ќе биде појаснето преку прашања што точно ќе биде обработувано во модулот презентиран од Инсајдер ИД

Која е главната цел на модулот?

Маркетингот како концепт е многу често е погрешно интерпретиран, како од компаниите така и од маркетинг агенциите, кои ги поистоветуваат алатките на маркетингот како креатива, економска пропаганда, рекламирање, различни промоции и активности со маркетингот во целина. Тие само претставуваат средство за исполнување на некоја претходно дефинирана цел и стратегија. Организација на активности без точно дефинирани цели и стратегија најчесто претставува непотребно потрошени пари и време на компанијата кои во некои други услови би направиле многу поголем ефект.

Стратегискот маркетинг е всушност и основната смисла на маркетингот. Како јасно да се постават цели кои во исто време ќе бидат мерливи и остварливи, да се изработи стратегија која ќе биде во насока на исполнување на целите и акциони планови кои во детали ќе опишат кои маркетинг алатки ќе се користат за да се остварат целосните стратегии и цели и се разбира мерење на нивните ефекти.

Секоја успешна компанија има поставено детални и јасни стратегиски планови и цели, модулот ќе биде посветен токму на тоа. Всушност дел од модулот ќе биде посветен целите стратегијата за целата компанија бидејќи најпрво треба да се разбере дека маркетинг целите треба да се подредени во иста насока како и компаниските.

Каков ќе биде принципот на работа?

За да има реален ефект од целиот модул, после секое предавање ќе има практична домашна работа во која студентите на академијата ќе мораат да ја завршат до следното предавање. Рокот ќе е краток, вежбите ќе бидат солидно комплекси за студентите да го почуствуваат реалното деловно окружување, да размислуваат брзо но во исто време критички и проактивно.

Плански е секое предавање односно ден да биде целина за самиот себе и истиот да се обработува во домашната работа. Дополнително освен самите прадавање ќе биде давана и дополнителна литература која студентите ќе треба да ја обработат во слободното време.

За што ќе бидат подготвени студентите по завршување на модулот?

По завршувањето студентите ќе бидат подготвени за поставување на маркетинг цели, да изработат маркетинг стратегија како и акциони планови. Да разликуваат краток од долг рок на компанијата, како и да одредат кои алатки треба да ги користат во остварувањето на целите.

Ке овозможи ли Инсајдер пракса да студентите?

Со сигурност секој од студентите има квалитети и амбиции во некој од областите кои ќе бидат обработени на Академијата, но за праксата во Инсајдер ќе биде клучно преставувањето на студентите на модулот за Стратегиски Маркетинг, бидејќи тоа е и приближно примарната дејност на компанијата.

За најдобриот, кој ќе биде оценет според вложувањето и  студенти/и ќе биде овозможена платена пракса во компанијата.

Кратко за предавачот и Инсајдер ИД

Сергеј Зафироски е дипломиран економист на “Економски Факултет – Скопје” каде и е редовен гостин предавач на неколку предмети – Управување со системи, Деловно Планирање и Математички матоди. Моментално е извршен менаџер и основач на агенцијата за истражување Инсајдер ИД. Од 2007 година до денес обавува повеќе функции на различни менаџерски и работни нивоа, од комерцијалист до извршен менаџмент, кои му овозможуваат да согледа и анализира работењето на компанијата од различни аспекти и да ги искористи најдобрите практики во сопствениот бизнис.

One thought to “Инсајдер ИД на Академијата за Маркетинг и ПР организирана од “Creative Hub””

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *