Инсајдер ИД со унапреден “пост-ковид” начин на работење ги приближува истражувањата до компаниите

Кризата предизвикана од “COVID-19” ги промени приближно сите општествено-економски текови, а со тоа и бизнис моделите на компаниите. Инсајдер ИД ја согледа можноста за промена на дел од бизнис моделот и соодветно одговори на идната состојба во економијата, а се со цел пресретнување на барањата на клиентите.

Новата нормала побарува од нас да се движиме многу побрзо и попаметно од претходно. Самото побрзо движење на целата економија ќе не обврзе нас, да испорачуваме многу повеќе информаци и анализи до нашите клиенти во пократок временски интервал. Во следните неколку месеци пласираме нови начини на соработка, кои што сметаме ќе ги пресретнат барањата на нашите тековни и идни партнери, клиенти и соработници. Промената ја започнавме најпрво кај нас, ги редефиниравме нашата Визија и Мисија, повторно ги анализиравме нашите конкурентски предности, каде се гледаме во иднина, односно што е тоа што ќе биде различно и во нашето работење.” – Изјави Сергеј Зафироски, Генерален менаџер на Инсајдер ИД.

Секторот за професионални услуги како маркетинг, истражувања, консалтинг “ударот” од кризата допрва ќе го чуствуваат. По завршување на иницијалната криза, поголем дел од компаниите ќе вршат реструктуирање и интерна преорганизација, додека маркетингот и истражувањата е потребно да го следат новото барање и да пронајдат начин во тоа преструктуирање.

Истражувањата и анализите е потребно да бида поинтензивни и подимамични од претходно. Но уште поважно е дека треба да бидат достапни на што поголем број компании за да се овозможи не само закрепнување туку и унапредување на нивното работење.

ПРЕВЗЕМЕТЕ ГО НАЈНОВИОТ ПРОФИЛ НА КОМПАНИЈА СО ПОПОЛНУВАЊЕ НА СЛЕДНИТЕ ПОДАТОЦИ: