Insider ID: Истражувања и цели на компаниите

Ако се навратиме на самиот почеток целиот концепт за истражување на пазарот бил формално применет уште во 1920 година, како сегмент од маркетиншкиот бум на радиото во САД во тој период.

Денес, по нешто помалце од еден век свесни сме за потребата од истражување на пазарот уште при првите чекори на бизнисот. Кога станува збор за период на развој на бизнисот истражувањето на пазарот не преставува прашање за бизнисот туку неопходност.

Истражувањето на пазарот е еден од клучните фактори во создавањето на предност во трката со конкуренцијата но и за свесно разбирање на потребите на клиентите.  Се овозможуваат важни информации за идентификација и анализирање на пазарните потреби, големината на пазарот и конкуренцијата. Преку еден вид вид системско собирање и преставување на податоците за компаниите употребувајќи статистички и аналитички методи и техники со цел да се донесе најдобрата одлука за бизнисот базирана врз реални заклучоци. Целиот процес овозможува точни и комплетни информации како основа на сите обиди од кои се раѓа еден успешен бизнис. Истражувањата на пазарите овозможуваат информации кои можат да го доведат бизнисот до решение за сите маркетинг предизвици со кои што се соочува. Всушност, стратегиите како сегментација на пазарот и деференцијација на производ е невозможно да се развијат без да се истражи пазарот.

Целта е со истражувањето на пазарот да се соберат информации за моменталните потрошувачи но и потенцијалните потрошувачи. Со помош на собраните информации се носат сите бизнис одлуки. Секоја бизнис одлука со себе носи и одреден ризик. Практично, донесувањето на ризични одлуки е секојдневие во бизнисот. Умешноста е да се превземе акција но со пресметано ниво на ризик. Податоците кои со добиваат со истражувањето на пазарот овозможуваат успешно  менаџирање на ризикот.

Секој бизнис во основа преставува економски систем кој за да преживее мора секојдневно да добива информации и да се создава нова енергија која ќе го движи напред. За секоја превземена акција на пазарот потребно е фидбек информација од постигнатиот ефект. Со помош таквата комуникација со пазарот, бизнисот ќе може да превземе корективна акција и во позитивна но и негативна насока. На овој начин бизнисот постојано ќе биде свесен какво е неговото влијание на пазарот и во која мера.

Зошто истражувањето на пазарот добива се повеќе значење во модерниот бизнис свет?

Овозможува идентификување на потенцијалните потрошувачи и дава одговор на следниве прашања- За кого е корисна нашата услуга/производ? Која е возраста на нашите потрошувачи? Каков е нивниот финансиски статус…. На овој начин се создава комплетниот профил на потрошувачот.

Колку што е важно да се дознае кои се потенцијалните потрошувачи, толку важно е и темелно да се разберат веќе постоечките потрошувачи. Зошто токму тие го бираат токму вашиот производ наместо оној на конкуренцијата? Што ги прави вашите производи посебни за да се истакнат од останатите? Кој или што влијае на производот што ќе биде купен? Кои се интересите на вашите постојани потрошувачи?

Истражувањето на пазарот нуди податоци врз основа на кои се детерминираат реалните цели на бизнисот. Формулирањето на цели е почетна точка на менаџментот и негова крајна цел. За да донесат успешни резултати за бизнисот мора да се постават smart цели. Поточно треба да се специфични, мерливи, достижни, реални и временски одредени.

Ако веќе сте свесни дека постои проблем со кој се соочува бизнисот, истражувањето на пазарот ќе ви помогне да откриете што точно нефункционира. Можеби е нов конкурент на пазарот кој нуди повеќе квалитет за пониска цена? За каков и проблем да станува збор со истражувањето се анализира проблемот и се креира најоптимално решение за истиот.

Борислава Мирчевска


Инсајдер ИД