Insider ID: Издржаност и типови на идеи

Бидејќи како компанија Insider ID секојдневно се соочува со истражување и анализа на идеи за кои сопствениците на бизнисите сметаат дека се “перфектни” и иновативни.

Пред да започнеме со елаборирање на темата, би сакал да истакнам дека во светот во кој живееме не постои уникатна идеа или идеа која ќе биде само наша сопственост. Единственото нешто што би можеле да го направиме е да бидеме први кои ќе ја пласираат истата и да добиеме одреден временски период во кој ќе бидеме фигуративно сами на пазарот.

Со исклучок на големите корпорации каде идеите се третираат на многу поразличен начин особено поради капиталот и можностите со кои располагаат за комерцијализација на истите, сите останати доколку не ги комуницираат идеите и не почнат да ги реализираат со брзина на светлината со секоја помината минута го зголемуваат ризикот од појавување на некој пред нив со истиот производ/услуга.

Реалноста е дека, многу мал процент од идеите кои секојдневно се анализираат имаат реална применливост во бизнисот односно реалниот свет. За ниту една идеа со 100% сигурност не може да се каже дали е добра или не, но со сигурност може да се каже дека 99% од идеите немаат изгледи воопшто за успех или пак немаат на краток рок.

Од аспект на идеите претприемачите, според нас се разидуваат со реалните можности за пласман на нивната идеа во неколку различни работи.

Голема е грешката особено кај младите претпиемачи што не се насочени кон пресметување на повратокот на инвестицијата. Инвеститорите се заинтересирани за идеата, но “на крајот од денот” истата мора да оствари соодветен прилив со кој компанијата би функционирала и инвеститорите ќе остварат поврат на инвестираните пари и заработка.

Утврдувањето дали една идеа има пазарен потенцијал зависи директно од лицата кои истата треба да ја “купат”. Пазарниот потенцијал треба да биде апсолутно најважната информација со која творците треба да располагаат. Идеа за која што потрошувачите се подготвени да платат никогаш нема да има проблем со финансирање и инвестиции.

Најчесто идеите односно производите и услугите кои претпримачите имаат желба да ги пласираат на пазарот би се поделиле на следниот начин:

  1. Идеи со реален потецијал и пазарен сегмент кои имаат можност за успех во веднаш по пласманот;
  2. Идеи со реален иден потенцијал и менлив пазарен сегмент кои имаат можност за успех;
  3. Идеи кои немаат никаков потенцијал;

Идеи со реален потенцијал и пазарен сегмент со можност за успех веднаш по пласманот се всушност најпотребни за мали и средни бизниси.

Карактеристиките и активностите кои треба да се извршат се следни:

  • Идејата е солидно обработена и се располага со сите информации потеребни за нејзиното интерно производство / креирање;
  • Компанијата го има потребниот кадар и ресурси, или пак има договори со партнерски комапнии за производство / креирање;
  • Изработено е истражување на пазар и истото укажува кај потрошувачите постои незадоволено барање, и е дефиниран точниот пазарен сегмент во кој компанијата ќе се позициониа;
  • Потрошувачите се подготвени да ја платат цената за придобивање на производот;
  • Продажбата и дистрибуцијата осигуруваат да производот / услугата, “допре” до пазарниот сегмент;
  • Компанијата е подготвена на краток рок да ја реализира идејата во реалност;
  • ROI (Return of Investment) е во просек 2 – 3 години;
  • Анализа на конкуренција, моментални и идни супститути, моментални и идни директни конкуренти;

Потребно е да се напомени дека овие идеи и овозможуваат на компанијата First-in на пазарот што ја позиционира на лидерското место. Според денешната бизнис динамика, на конкурентските компании нема да им биде потребно многу долг период да извадат нов конкурентки производ на пазарот во многу случаи и подобар од оригиналот. Според тоа треба да се изработи стратегија на “брза пенетрација” која ќе го пролонгира времето за препознавање на супститутот од страна на потрошувачите.

Без исполнување на сите претходни критериуми, успешно реализирање на идејата може да биде ставено под знак прашалник. Од праксата кај малите и средните компании, ретки се тие компании кои изработуваат толку детална стратегија за некоја идеја или воопшто нов производ.

Дел од идеите се подранети, односно пазарот или пазарниот сегмент не е доволно дозреан за да го регистрира бенефитот од идеата/услугата, но тој “луксуз” на чекање на пазарот во најголем дел од случаите е резервиран за големите корпорации кои имаат доволно средства за да го финансираат тоа време. Мала компанија ретко ги посетува тие средства и тоа време.

Конкуренцијата, директна и индиректна секогаш е во исчекување да кога една компанија пласира производ кој има можност да биде успешен на пазарот да го ископираат и започнат со продажба. Секогаш треба да се имаат во предвид точните способности и капацитети на конкуренцијата.

Идеи со реален иден потенцијал и менлив пазарен сегмент, кои имаат можност за успех. Потенцирано е иден потенцијал, бидејќи најчесто пазарот сеуште не е ниво кое е потребно за успешна комерцијализација.

Карактеристиките на вториот тип на идеи се следни:

  1. Потрошувачите кои се квалификувани како “рани прифаќачи” ја прифаќаат идеата и бенефитот од производот;
  2. Се располага со доволен број на информации потребни за креирање и нејзино реализирање;
  3. Изработено е истражување на пазар кое ќе овозможи процена на потенцијалниот иден пазар и неговото движење;
  4. Идниот потенцијален пазар има соодветен ROI (Return of Investments);
  5. Прелиминарна маркетинг и продажна стратегија;

Најчесто, убиствената комбинација за мали и средни претпријатија. Пласираат производ/услуга за која пазарот сеуште не е подготвен, со цел да го променат и подтотват.

Голема е зависноста од големината на фирмата и финансиската моќ  со самата комерцијализација. Група на претпримачи (со ретки исклучоци) во мал број на ситуации имаат неограничени буџети и финансиски средства за “чекаат” пазарот да дозрее.

За крај се идеите кои немаат потенцијал за комерцијализација. Иако дел од нив со сигурност можат да постигнат краторочен успех на среден рок ќе ја уништат компанијата.

За жал ваквиот бид на идеи преовладува во реалниот свет. Потенцијалниот пазар и позитивниот резултат се само една пријатна слика во перцепцијата на идеологот и неговата најтесна околина.

Ние како компанија кога соработуваме со мали компании секогаш го земаме во предвид буџетот со кој тие располагаат за комерцијализација на тоа што го истражуваме.

Предлог активности кои уште пред да започнете со истражување треба да ги имате извршено:

  1. Направете неколку различни финансиски сценарија (препорака: оптимистичко, реално, песимистичко) според движењата на вашите трошоци и пресметка на количински и вредносен праг на рентабилност;
  2. Имајте излез од најлошата алтернатива.
  3. Доколку немате излез а дури и малку се колебате за идеата која ја имате воопшто не превземајте никаков ризик;
  4. Во мирно време работете како во време на војна. Бидете подготвени да работите максимално ефикасно и напорно;