БИТОЛСКА МЛЕКАРА: ОД ИСТРАЖУВАЊЕ ДО НОВ ПРОИЗВОД “БИТОЛСКИ ЕКСТРА ЈОГУРТ”

Најголемиот “играч” во млечната индустрија во Македонија, Битолска Млекара пред помалку од еден месец го лансираше новиот Битолски Екстра Јогурт кој се карактеризира со поинтензивен кисел вкус за разлика од класичниот Битолски Јогурт. Производот е лансиран врз база на истражувања спроведени од Битолска Млекара, додека последното кое ја потврдува одлуката е спроведено од агенцијата Инсајдер ИД на тема “Потрошувачките навики за Јогурт, Пробиотски Јогурт и Ајран во Македонија” во кое се анализираат потрошувачките навики и преференции за посочените категории на производи од течниот асортиман.

Лансирањето на Битолски Екстра Јогурт е резултат на низа истражувања, меѓу кои истражувањето од Инсајдер ИД ни ја потврди одлуката за развој на ова портфолио и пласман на новите производите. Битолски екстра јогурт го лансиравме токму поради што ги слушавме барањата на потрошувачите и веруваме дека е погодено баш по нивни вкус. – изјави Полексена Јанкуловска – Маркетинг Менаџер во Битолска Млекара.

Тимот на Инсајдер ИД го тестираше производот, се со цел да ја направи разликата која што новиот Битолски Екстра Јогурт ја има во споредба со Класичниот Битолски Јогурт од Битолска Млекара и се потврдува дека новата линија, која има различен вкус,  опфаќа целосно нов пазарен сегмент кој претходно не е опфатен со класичната линија. Со тоа, Битолска Млекара го диверзифицира портфолиото на производи и опфаќа нов пазарен сегмент за компанијата, без да го наруши својот моментален пазарен сегмент.

Една од главните цели на пазарните истражувања е токму да профилирање на потрошувачот и кои се барањата кој ги има од производот што го купува. Интересно е што тимот на Битолска Млекара, и покрај тоа што истражувањето е генерално и пристап имаа поголем број на компании од млечната индустрија, е единствената која барањата и критиките  на потрошувачите ги прифати врз база на нив изработи нова линија на јогурт” – изјави Сергеј Зафироски – Извршен Менаџер на Инсајдер ИД.

Со лансирањето на новите производи, Битолска Млекара ја потврдува и подобрува својата лидерска позиција во течниот асортиман на млечни производи.

Истражувањата треба да се база на секој бизнис, Битолска Млекара е еден успешен пример за тоа како треба истото да се искористи. Според нашето истражување и барањата на потрошувачите, лансирањето на Битолски Екстра Јогурт е полн погодок и можеме да очекуваме раздвижување на целиот пазарен сегмент во иднина” – изјави Борислава Мирчевска –Истражувач во Инсајдер ИД.

Истражувањето со наслов “Потрошувачки навики за Класичен и Пробиотски Јогурт и Ајран во Македонија” кое е спроведено на примерок од 1,200+ активни консументи на минимум еден производ, освен генералните потрошувачки навики, ја дефинира и приврзаноста на потрошувачите кон брендовите, влијанието на цената и различните потрошувачки навики и преференции на потрошувачите според демографските карактеристики. За повеќе информации контактирајте на info@insider.mk или телефонскиот број +389 71 210 471.