Шест најчести предизвици кои ќе ги совладате со имплементирање на ERP

Автор: Славчо Бујароски – Сигма-СБ

ERP – Enterprise Resource Planning System или Систем за Планирање на Ресурсите во Компаниите е развиен со неколку различни бизнис модули, интегрирани во еден систем како целина, но сите функционираат со цел да се управува со различни области во рамките на една организација.
Текстот во продолжение се однесува на тоа како целосно интегрирано ERP решение се справува со шесте најголеми предизвици во производствениот сектор.


1. Контрола на Залиха
Кога управувате со залихите, круцијално е да ја најдете рамнотежата помеѓу тоа да имате премногу или премалку производи на залиха. Одржување на соодветно ниво на залиха на одредени производи е пресудно дали компанијата може да ги задоволи барањата на нејзините клиенти. Кога се одредува нивото на залиха треба да се земе во предвид и потребното време да пристигнат инпутите. Чекањето додека овие материјали не се целосно на располагање на производствениот погон може да предизвика проблеми. Чекањето да пристигне одреден производ може да биде подолго од очекуваното, или трошоците кои се генерираат како резултат на потребата од производот да стигне што е можно побрзо можат да бидат екстремно високи, при што се создава потреба од апликација за котрола на залихите.
Модулот за управување со залиха на ERP системот им овозможува на производителите да имаат преглед на залихите и врз основа на тоа подобро да го планираат производството. Со самата нарачка од купувачот истата се регистрира и влијае на нивото на залиха, така што доколку постои недостаток од одреден ресурс во компанијата системот го алармира истото. Следно, системот врши промена во нивото на залихи за соодветната нарачка притоа блокирајќи ги идните нарачки за производот. Други функции на модулот за управување со залиха се консолидирање на конта, следење на користењето на одреден артикал и известување за нивото на залиха на производите.


2. Реално Време
Едноставно кажано, податокот внесен во реално време се евидентира веднаш откако е внесен. Во опкружување кое постојано се менува, овој вид на известување во реално време е клучно за успехот во процесот на производство и е од бенефит за сите функции во рамките на ERP системот.
На пример, процесот на производство е често дефиниран според однапред зададени параметри. ERP системите кои не функционираат во реално време го планираат производството врз одредена претпоставка така што неизбежно е да во процесот на производство се појават проблеми базирани на тие погрешни претпоставки, како што се погрешно произведена количина на производи или појава на недостаток на суровини. Таквите погрешни проценки предизвикуваат огромни загуби во профитот на компанијата.


3. Следливост
Без ERP систем, компаниите треба мануелно да внесуваат податоци. Притоа истите се соочуваат со огромен предизвик постојано да внесуваат прецизни и точни податоци. Таквиот начин на работење ја прави следливоста на користените материјали многу комплексна и речиси е невозможно да се дефинира кои материјали биле користени во производството на одредени производи.
Со ERP системот се овозможува целосна следливост на процесот на производство од самиот почеток до неговиот крај.
Посебен бенефит од ERP системот имаат компаниите кои произведуваат прехранбени производи. Истите мораат да имаат следливост на секој апект на процесот на производство. Со тоа во случај на одреден проблем со готовиот производ со помош на ERP системот компаниите можат да дефинираат каде тој проблем настанал и кои се производите кои се погодени од истиот.
Додатно на тоа, со ERP системот се овозможува и целосна контрола на квалитет на производите така што се овозможува целосна следливост за секој производ дали ја поминал или не проверката за квалитет. Со тоа компаниите ќе го одржат нивото на квалитет на нивните производи и ќе ја одржат својата конкурентност на пазарот.


4. Планирање на потребните материјали MRP (Material Requirements Planning)
Планирањето на потребните материјали е уште една компонента на ERP решението која се однесува на управување со ресурсите потребни за непречено извршување на процесот на производство (на пример, дали суровините кои се на залиха ќе бидат доволни за производство на нарачаната количинба на производи). Со планирање на производството се оптимизира искористеноста на капацитетите на компаниите, суровините и други ресурси кои се базираат на историски податоци и планираната продажба.
Со имплементацијата на MRP, се намалува готовинскиот тек и се зголемува профитабилноста. Ова се постигнува со дефинирање на оптимален план на производство, предвидување на продажбата, статусот на залихите, нарачките и трошоците за суровини. MRP ги намалува загубите со тоа што овозможува информации за набавка на точната количина на инпути во вистинско време и ја детерминира последната временска рамка за извршување на активностите а сепак истата да биде во согласност со рокот поставен од
купувачот. Со користењето на MRP во рамките на ERP системот, промените во распоредот за производство можат да се вметнат веднаш од моментот кога ќе се случат одредени промени во нарачката и материјалите.


5. Со искористувањето на соодветните можности за креирање на извештаи во ERP системот се создава алатка со која се овозможува прегледност на податоците.

Информациите во базата на податоци се возобновуваат автоматски со секоја извршена трансакција во рамки на системот со што се овозможува оптимална прецизност на истите. Податоците овозможуваат да се изготвуваат соодветни извештаи, benchmarks и проекции на таргети. Собраните податоци во ERP системот можат да се персонализираат на барањата на компаниите со што ќе се овозможи непречен интерен и екстерен тек на податоците.


6. Единствен извор на податоци
Без оглед на бројот на модулите што една компанија ќе ги имплементира, постои само еден извор на податоци преку ERP системот. Без ERP системот, компаниите треба да собираат податоци од различни документи со цел да ја дефинираат нивната финансиската состојба.
Со елиминирањето на двојно внесување на ист податок се заштедува голема количина на време а истовремено се исфрла и потребата од барање на одреден податок на различни места. Моменталниот и конзистантниот податок овозможува носење на бизнис одлуки на повисоко ниво.

За подетални информации:

Сигма СБ

info@sigmasb.com.mk

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *