Негативниот придонес на Претприемништвото

Инспириран од се поголемиот недостаток на кадар, во продолжение текстот и обработената тема се целосно субјективни односно размислување врз база на досегашното искусто и анализа на претприемништвото како концепт на кој особено му се придава на значење. Се повеќе се поместува идеата и тежиштето на претпримеништвото кон компаниите од ИТ индустријата и во многу ситуации поистоветување помеѓу двата концепта.

Во светот паралелно со претприемништвото се говори на една уште позначајна тема, а тоа е автоматизацијата и замена на човекот со вештачка интелегенција во најголем дел од индустриите во следните неколку декади. Навидум, претприемништвото и вештачката интелегенција се во позитивна корелација пред се поради влијанието на ИТ индустријата, но постои уште една негативна страна која што на долг рок може да предизвика голем број на негативни последици за работната сила и воопшто економијата.

Упорното нагласување на потребата особено на младите луѓе да основаат и раководат со сопствени компании во голема мера го “подгрева” забрзаниот развој на вештачката интелегенција во негативен контекст. Апсолутен е фактот дека малите компании се моторот на секоја една економија, но треба сериозно да се анализира и контролира природата и насоката на развој на таквиот вид претпријатија.

Воедно може да се забележи и хомогенизирање на работната сила, која се почесто се определува за едукација во ИТ секторот, бидејќи моментално истиот побарува мали инвестиции за започнување и водење на бизнис и мотото дека лесно се доаѓа до пари. Последната констатација моментално е и точна, но по поставување на една едноставна пазарна равенка каде цената е дефинирана како однос од понуда и побарувачка, лесно ќе се забележи дека при хиперпродукција на хомоген кадар без приближно никаква дизертификација, ќе предизвика опаѓање на цената и проблеми за останатите стопански сегменти кои се повеќе и повеќе имаат проблем со пронаоѓање на квалитетен кадар.

Која е реалноста со која се соочуваат компаниите? Отварањето на екстремно многу мали компании означува намалување на расположливата работна сила која е во оптег на една економија, со тоа постоечките компании имаат се поголем проблем во придобивање и задржување на соодветен кадар.

Проблемот на работниот кадар (квалитен и неквалитетен) се почесто не се финансииите, туку целиот концепт на “сам свој газда” и заработување на “милиони” кои сепак се најчесто резервирани за компании кои имаат веќе на располагање милиони долари. Во однос на претходно наведеното многу ќе се обидат да ја негираат, но разгледувајќи го секој популарен “start-up” ќе забележиме дека истиот бил подлежен на тешко финансирање од инвестициони фондови, индивидуалци или пак влади и разузнавачки служби (за ИТ Индустрија). Постојат тие кои се основани со мал капитал, но истите се далеку помал број од тоа што се прикажува.

Во таков еден контекст, веќе постоечките компании имаат само една алтернатива, а тоа е што поголеми средства да инвестираат во автоматизација на секој процес кој што може да се автоматизира, бидејќи се приморани да пронајдат начин да го оптимизираат и унапредат своето работење.

Дел од компаниите нема да пронајдат начин и ќе бидат истуркани од пазарот, дел од нив ќе преживуваат и последни кои ќе се изборат со новонастанатата ситуација.

Бидејќи на долг рок концептот на претприемништо, вака како што е моментално поставен е неодржлив, ќе отпочне обратен процес каде армијата од претпримачи ќе бидат со потрага по работа во постоечки компании. Квалификациите на таа работна сила ќе се разидува со потребите на постоечките компании и во случај компаниите да имаат потреба од дополнителен кадар. Голем дел од компаниите веќе ќе го имаат автоматизирано работењето и нема да имаат потреба од дополнителна работна сила.

На никој не може да му се забрани да ја избере сопствената професионална определба и кон каде истиот ќе се развива, но во конкретниот случај во наредните 5 до 10 години светот ќе биде место каде самите претпримачи ќе ги “убијат” сопствените работни места во компаниите со можност да доведат до стагнација на целата економска активност.

Доколку вештачката интелегенција се развие до оној степен да самата од себе учи, ќе се изгуби потребата и од самите индивидуи или компании која истата ја креирале.

И покрај тоа што следната констатација е огромна тема самата за себе, потребно ќе биде цело реформулирање на бизнисот како концепт или пак да се појават нови стопански сегменти каде би се искористил вишокот на работна сила кој со сигурност во следните години се повеќе ќе го има.

Можеби процесот на де-глобализација кој започнува со победата на Г-дин Трамп во САД е всушност промената која треба да настане за да воспостави некој баланс и на среден рок (на светско ниво) да се успори напредокот за да се овозможи успешно поставување на позициите кои би ги имале компаниите и вработените во 21-ви век. Се разбира тоа ќе има и големо влијание на претпримачите и претприемништвото.

Услужниот сектор конкретно во Македонија е во постојан пораст, но еден процес ние како мала економија не можеме да го разбереме односно не сакаме да го разбереме, е дека силен услужен сектор е директна последица на долг период од “тешко” и успешно производство. Производството е тоа што го финансира услужниот сектор и ги користи неговите услуги.

Како и секаде така и во Македонија, ИТ индустријата е голем тренд и пораст особено во последните неколку години.  Македонија земја каде земјоделството може да придонесе за општ благодет на целото општество, увезува 95% млеко како суровина, лук од Кина, 99% од пилешкото месо, најголемиот дел од секаков вид месо, житарици, сончоглед, ориз и многу други производи. Трката по брз профит со ниска инвестиција комплетно ги запостави индустриските сегменти кои се од клучно значење за една држава како Македонија.

Во една прилика бев запрашан “Зашто не би можело да има глобален start-up од Македонија?”, на што го поставив прашањето “Колку средства се потребни за една компанија да се лансира успешно глобално?”. Одговорот од студентот беше “2 – 4 милиони евра”. Како за споредба најпрофитабилната македонска компанија моментално е Алкалоид со 11 милиони евра (извор: 200 најуспешни – Капитал), значи од сите 60.000 активни компани домашната најуспешна компанија има толкав профит.

Во Македонија особено е изразен трендот на претприемачи и претприемништво каде секоја млада индивидуа има желба да заработи голема количина на пари со што помалку работа и ангажман. Поради тоа што информациите се повеќе од достапни, општеството е преплавено со слики и видеа од тоа како живеат ултра богатите 0.001% од светот, сумите на пари како 1 милион евра се гледаат со потценување. Во тој случај месечна плата од 500 – 600 евра изгледа екстремно ниско.

Всушност во тој момент се започнува со борбата на компаниите да вработат кадар, кој покрај сите тие информации и стандардна плата никогаш нема да биде задоволен од тоа што го има на приходната страна. Познатиот израз кој се користи за ситуацијата е “глувчешка трка” (rat race) каде се зависи од кондицијата на едните и другите.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *