Инсајдер ИД: Истражување FMCG 2017

Комуникацијата и продажбата на производите кои компаниите од секторот за широка потрошувачка ги продаваат на пазарот секојдневно станува се потешка. Конкуренцијата е екстремна и на страната на производителите/дистрибутерите и на страната на супермаркетите. Купувачите стануваат се попребирливи во својот избор во услови кога располагаат со неограничен број на информации за нив.

BTL, ATL, Социјални медиуми, Блогови, Групи на притисок, кои сите засебно содржат безброј алатки само за да го привлечат вниманието на потрошувачот и да го натераат да го насочи купувањето токму кон посакуваниот производ. Користењето на сите промотивни канали повлекува високи финансиски средства, кои често компаниите ги инвестираат само бидејќи се тренд или пак се во потрага по нови можности за зголемување на продажбата.

Факт е дека за производите за широка потрошувачка, врз одлуката за купување на потрошувачот најмногу влијаат промотивните активности кои се организираат на самата точка на продажба односно самиот маркет. Токму една од целите на истражувањето е оптимизација на BTL (Below The Line) активностите во маркет, за намалување на трошоците кои се двојат за истата намена и максимизирање на ефектот од нив.

На друга страна се наоѓаат самите маркети кои се специфични во понудениот асортиман, ценовна структура, големина, распоред, локација и начинот на привлекување на самите потрошувачи. Самиот квалитетот на маркетот но и колку истиот ги пресретнува барањата на потрошувачите е од особена важност и за маркетот но и за неговите добавувачи.

Истражувањето треба да одговори голем дел од претходните прашања, за маркетите и дистрибутерите бидат во состојба да го максимизираат ефектот од активностите кои ги преземаат а во исто време да ги оптимизираат трошоците кои ги имаат за нивна имплементација.

Профилирањето на потрошувачите според нивните демографски карактеристики и во кои маркети најчесто истите пазарат, ќе овозможи креирање на стратегија за продажба според тип на маркет или географска локација.

Тимот на Инсајдер ИД се надева дека ќе ги пронајдете сите одговори на Вашите прашања во извештајот од истражувањето и истото ќе ги пресретне Вашите очекувања.

Преземи содржина на извештај