Анализа на маркети

Колку пати сме се запрашале која категори на производи ни носи најголема заработка а која најмала? Колкава е бруто добивката? Колку денови ни се задржува залихата во нашиот скалд и полица? Колав ни е обртот на месечно ниво? Како да ги споредиме маркетите помеѓу себе?

Потребата од анализа на податоците и постојано следење на здравјето на маркетите, придонесе за креирање на уникатниот BI (Business Intelligence) информациски систем од Insider ID – RetailIns, кој е применлив во секој објект без разлика на природата на бизнисот.

Главната цел на целиот систем е СЛЕДЕЊЕ  И УНАПРЕДУВАЊЕ НА ЦЕЛОКУПНОТО РАБОТЕЊЕ на Вашата компанијата, утврдување на негативните аспекти уште во нивниот зачеток и превземање на корективни акции за нивно отстранување.

Во зависност од Вашите потреби, има можност за следење од 1 до повеќе од 20 клучни индикатори кои ќе ви се достават во вид на извештај за перформансите на објектот (KPI – Key Performance Indicators).

Вие како наши клиенти ќе имате можност да ги добиете следните извештаи и информации:

  1. Следење на индикаторите индивидуално ниво (за еден маркет);
  2. Следење на индикаторите на групно ниво (за сите маркети) кое овозможува споредба и креирање на соодветна хиерархија;
  3. Временско следење и споредување индивидуално по маркет или на ниво на групација;
  4. Добивање на независни и објективни препораки за унапредување и подобрување на индивидуално и групно ниво;
  5. Споредување со конкуренцијата;

Вие како Наши Клиенти имате минимален ангажман во позадинската работа на системот, кој е во вид на обезбедување на влезни информации за анализа и креирање на извештајот. Ваша најголема одговорност е да ги следите извештаите кои ние Ви ги доставуваме и да превземете корективни акции или пак унапредите вашето работење.

* за подетално кои индикатори се анализираат закажете состанок или доставете официјално барање од вашата компанија.